португалски: Copa do Mundo da FIFA | |
Официјалното лого на турнирот | |
Детали за првенството | |
---|---|
земја домаќин | Бразил |
датум на одржување | 12 јуни – 13 јули |
екипи | 32 (од 5 фудбалски сојузи) |
стадион(и) | 12 (во 12 градови домаќини) |
← 2010
2018 →
|
Светско првенство во фудбал 2014 (службен назив: 2014 FIFA World Cup Brasil) — 20-то светско фудбалско првенствокое ќе се одржи во Бразил.[1][2] Првенството ќе се трае од 12 јуни до 13 јули 2014 година.
Бразил по втор пат ќе биде домаќин на светско првенство, по Светското првенство во 1950. Бразил покрај Мексико, Италија,Франција и Германија, ќе биде петта држава која два пати ќе биде домаќин на светското првенство.
Содржина
[скриј]Избор на домаќин[уреди]
ФИФА на 7 март 2003 година објавила дека по втор пат по Светското првенство во фудбал 1978 во Аргентина, во склад со политиката на ФИФА (ротација), Светското првенство во фудбал 2014 ќе се одржи на јужномамериканскиот континент.
КОНМЕБОЛ (јужноамериканска фудбалска организација) на 3 јуни 2003 најавила дека за организација на првенството се заинтересирале Бразил и Колумбија.
На 11 април 2007 година Фудбалскиот сојуз на Колумбија објавил дека ја повлекува својата кандидатура за домаќин на првенството, притоа оставајќи го Бразил како единствен кандидат во трката за домаќин. На 29 октомври 2007 ФИФА во Цирих објавила дека првенството ќе се одржи во Бразил.
Квалификации[уреди]
Бразил директно се квалификувал на мундијалот како домаќин.
Босна и Херцеговина за прв пат се квалификувала на светското првенство.
Репрезентации кои не учествувале на претходното светско првенство а се квалификувале: Еквадор, Костарика, Колумбија, Иран, Белгија, Русија и Хрватска.
Репрезентации кои учествувале на претходното светско првенство, а не успеале да се квалификуваат на ова се: Северна Кореја, Парагвај, Данска, Словачка,Словенија, Србија, Нов Зеланд, Јужноафриканска Република (учествовала како домаќин).
Босна и Херцеговина за прв пат се квалификувала на светското првенство.
Репрезентации кои не учествувале на претходното светско првенство а се квалификувале: Еквадор, Костарика, Колумбија, Иран, Белгија, Русија и Хрватска.
Репрезентации кои учествувале на претходното светско првенство, а не успеале да се квалификуваат на ова се: Северна Кореја, Парагвај, Данска, Словачка,Словенија, Србија, Нов Зеланд, Јужноафриканска Република (учествовала како домаќин).
Регион | Квалификации |
---|---|
Европа | 13 од 53 |
Јужна Америка | 4+1 од 9 |
Северна, Централна Америка и Кариби | 3+1 од 35 |
Азија | 4+1 од 43 |
Африка | 5 од 53 |
Океанија | 0+1 од 11 |
Репрезентации кои се квалификувале[уреди]
На Светското првенство во фудбал 2014 учествувале 32 земји:
Стадиони[уреди]
Според праксата на ФИФА, само еден град може да користи два стадиона, а бројот на градови домаќини е ограничен помеѓу осум и десет. фудбалскиот сојуз на Бразил сепак побарал дозвола натпреварите да се одиграат во 12 градови. На 26 декември 2008 година, ФИФА дала зелено светло за барањето на Бразил.[3]
Конечниот список од дванаесет градови, од првобитно најавените седумнаесет, на кои ќе се одиграат натпреварите на Светското првенство 2014 официјално бил објавен на 31 мај 2009 година од страна на ФИФА.[4]
Бело Хоризонте | Бразилија | Кујаба | Куритиба |
---|---|---|---|
Стадион гувернер Магалаис Пинтo (Минеирао) | Националeн стадион Мане Гаринча | Арена Пантанал | Стадион Жоаким Америко Гимараиса (Арена Баишада) |
капацитет: 62,160 (проширен) | капацитет: 70,064 (реновиран) | капацитет: 42,968 (реновиран) | капацитет: 41,456 (проширен) |
Форталеза | Манаус | ||
Стадион Пласидо Адералдо Кастело (Кастелао) | Арена Амазонија (Вивалдо Лима) | ||
капацитет: 64.846 (проширен) | капацитет: 42.374 (реновиран) | ||
Натал | Порто Алегре | ||
Арена дас Дунас | Стадион Жозе Пинеиро Борда (Беира-Рио) | ||
капацитет: 42.086 (реновиран) | капацитет: 48.849 (проширен) | ||
Ресифе | Рио де Жанеиро | Салвадор | Сао Паоло |
Арена Пернамбуко | Стадион Марио Фиљо (Маракана) | Стадион Октавио Мангабеира (Арена Фонте Нова) | Арена Коринтијанс |
капацитет: 44.248 (нов стадион) | капацитет: 76.804 (проширен)[5] | капацитет: 56,500 (реновиран) | капацитет: 65,807 (нов стадион)[6] |
Nenhum comentário:
Postar um comentário